Роналдо се распрашувал за животот во Кина

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Се чини дека актуелниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо размислува или барем претходно ја разгледувал можноста да го напушти Реал Мадрид поради кинески клуб. Ова станува јасно од познатиот бразилски тренер Луис Фелипе Сколари, кој помина две години на чело на Гуангжу Евергранде.

„Да, повеќе од еднаш Кристијано ме прашуваше за животот во Кина. Зошто да не игра таму? Му раскажав сè. Ние исто така треба да сфатиме дека Роналдо има свои брендови, а тоа е огромна индустрија таму. Кина е најголемата земја во светот. Му го реков она, што им го велам на сите: кој има шанса да оди таму, тој мора да го стори тоа“, рече Фелипао пред „Esporte Interativo“.

Сепак, засега, напаѓачот не мисли да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Неговиот договор со „белиот балет“ е до 2021 година.

Инаку, Сколари беше гостин на церемонијата на доделувањето на Кристијано за играч на годината во Португалија.