Роналдо си оди?! Гигант му нуди сè – дури и Светско клупско првенство

од Nikola Popovski
4,4K прегледи

По разочарувачката сезона во која не ја освоија титулата шампион на Саудиска Арабија, а исто така не успеаја да се квалификуваат за Лигата на шампионите во Азија, се очекуваат големи промени во Ал-Наср.

Една од најважните промени би можела да биде заминувањето на најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо. Португалскиот напаѓач има уште неколку дена од договорот со Ал-Наср, но по неуспешната сезона, шансите за продолжување на договорот значително се намалија.

Многу светски клубови чекаат на оваа информација, а Роналдо веќе добил интересна понуда, пишува мадридска „Марка“. Роналдо доби примамлива понуда од Бразил, поддржана од силни инвеститори. Иако името на клубот што го контактирал неговиот менаџер не е откриено, се вели дека сакаат да го доведат Роналдо да игра на Светското клупско првенство во јуни.

Четири бразилски клубови ќе учествуваат на овој престижен турнир – Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе и Ботафого и оттаму можно е наскоро да го видиме легендарниот Португалец во еден од тие тимови.

Во последните недели, Роналдо најчесто се поврзуваше со враќање во неговиот матичен Спортинг, клуб кој вчера ја освои титулата во португалското првенство.

Слични содржини