Роналдо со два гола го одбележа своето второ деби на „Олд Трафорд“

од Nikola Popovski
225 прегледи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Њукасл со 4:1 (1:0), а Кристијано Роналдо го забележа своето второ деби на „Олд Трафорд“ со два гола.

Роналдо по 12 години се врати на „Театарот од соништата“, а на крајот од првото полувреме им донесе предност на „црвените ѓаволи“.

Њукасл израмни во 56. минута преку Хавиер Манкиљо, а во 62. минута Роналдо по вторпат ја затресе противничката мрежа.

Преостанатите два гола ги постигнаа Бруно Фернандес во 80. минута и Џеси Лингард во втората минута од продолжението.