Роналдо со еден збор одговори на гласините за трансфер

од Vladimir Zorba
144 прегледи

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО побарал трансфер од Манчестер Јунајтед, но тие одбиваат да го продадат. Роналдо сака да оди во клуб кој оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Од друга страна, Манчестер Јунајтед му порачува на 37-годишниот Португалец дека ќе остане на Олд Трафорд. Вчера се појави гласина дека Роналдо е на прагот да се врати во Спортинг Лисабон, неговиот матичен клуб.

Според неколку неофицијални извори, автомобилот на Роналдо е фотографиран во гаражата на стадионот на Спортинг. Бројни фанови пишуваат како Португалецот ќе се врати во клубот во кој ја започна сениорската кариера, а слични гласини последниве денови можеа да се слушнат и во португалските медиуми. Сепак, на Инстаграм профилот на СпортТВ Португалија, Роналдо за гласините дека се враќа во Спортинг напиша дека тоа е лага.

Тој беше член на тој клуб од 1997 до 2003 година, а потоа се пресели во Манчестер Јунајтед. Во својата кариера играше и за Реал Мадрид и Јувентус.