По објавата дека Лука Модриќ заминува од Реал Мадрид, еден од првите што реагираше беше неговиот поранешен соиграч и пријател – Кристијано Роналдо. Легендата на португалскиот фудбал испрати искрена и емотивна порака до хрватскиот ас, со кого со години делеше славни моменти на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ти благодарам за сè, Лука,“ напиша Роналдо на социјалните мрежи. „Беше чест да ги споделам сите тие прекрасни моменти со тебе во Реал. Ви посакувам многу среќа и успех во она што следува“.
Нивната врска на теренот беше симбол на хармонија и разбирање. Заедно освоија четири Лиги на шампионите, неколку титули во Ла Лига и беа дел од една од најмоќните генерации во историјата на клубот. Модриќ беше архитектот зад многу од головите на Роналдо, а Португалецот секогаш истакнувал колку го цени неговиот интелигентен фудбал и скромноста надвор од теренот.
Лука Модриќ, кој пристигна во Реал Мадрид во 2012 година, ќе го одигра својот последен натпревар за клубот во сабота на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Тој потврди дека ќе настапи и на Светското клупско првенство во јуни, а потоа ќе ја продолжи кариерата во нов клуб.
Збогувањето со Реал е полнo со емоции, но токму зборовите на Кристијано најмногу одекнаа меѓу навивачите – како потсетник на златната ера на клубот и на едно посебно пријателство што се роди меѓу двајца великани на фудбалот.
🚨 CRISTIANO RONALDO:
“Thanks for everything, Luka! ❤️ It's been an honor to share so many moments with you at the club. Wishing you success in whatever comes next.” pic.twitter.com/O75Dw2lTAl
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 22, 2025