Оле Гунар Солскјер по речиси три години повеќе не е тренер на Манчестер Јунајтед. Веста ја објави англискиот гигант на својата официјална страница во неделата.
Кристијано Роналдо се прости од Солскјер на својот Инстаграм.
„Тој беше мој напаѓач кога првпат дојдов на „Олд Трафорд“ и беше мој тренер откако се вратив во Манчестер Јунајтед. Но, пред се, Оле е извонредно човечко суштество. Му посакувам се најдобро во се што ќе му донесе неговиот живот. Среќно пријателе. Ти го заслужуваш тоа“, напиша Роналдо во објавата со две фотографии.
Едната е направен неодамна, а другата е од нивните заеднички играчки денови.
Солскјер вчера по отказот изјави:
„Многу сум горд на се, го остварив мојот сон. Уживав од првата до последната минута. Благодарам на управата што ми ја даде можноста, благодарам на играчите и навивачите што ме поддржаа. Ќе продолжам да доаѓам на стадион и да ги гледам натпреварите. Тимот има многу потенцијал, знам дека ќе го надминат ова и ќе зачекорат напред“, заклучи тој.