Роналдо утре нема да игра на натпреварот кој може да ја одреди сезоната на Јувентус, еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska
375 прегледи

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ќе го пропушти утрешниот натпревар помеѓу неговиот Јувентус и Аталанта, потврди Андреа Пирло на денешната конференција.

Тренерот на Јувентус објави дека Пауло Дибала ќе стартува наместо Роналдо против Аталанта од првата минута. Натпреварот се игра утре од 15 часот.

„Имаме многу важно отсуство за утрешниот натпревар. Кристијано нема да игра затоа што има проблеми со повреда. Би било премногу ризично да го однесеме во Бергамо. Се надеваме дека ќе се опорави што е можно побрзо“, изјави Пирло.

Аталанта и Јувентус играат дерби во Бергамо од кое може да зависи пласманот на двата клуба меѓу најдобрите четири на крајот на сезоната во Серија А.

Слични содржини