Неуморниот Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди со португалската репрезентација. Сепак, за него не е се во позитивен аспект, иако во вторникот вечерта неговата репрезентација ја совлада Чешка со 2:1 во средба од групата „Ф“ на Евро 2024 година.
Поранешниот ас на Реал Мадрид забележа учество во шест европски финалиња, со што стана единствен во светот. Се започна со неговиот настап за Иберијците на Европското првенство во 2004 година, на кое тие беа домаќини.
Сепак, пред 20 години Роналдо започна лоша серија која продолжи и сега. CR7 останува без директен слободен удар на едно европско првенство, иако не се откажува од шутирањето. Против Чесите имаше еден таков обид, кој голманот го одби. Со него директните слободни удари кои Кристијано ги изведе без постигнат гол сега се 29.
Експертите забележуваат дека Роналдо често постигнувал голови од вакви ситуации до околу 2014 година, кога заработил повреда на коленото. После тоа морал да ја менува техниката при шутирање на топката, поради што бројот на голови од фаули нагло опадна.