КРИСТИЈАНО РОНАЛДО и Сер Алекс Фергусон седнаа заедно и разговараа за нивните заеднички искуства за клупската телевизија на Манчестер Јунајтед. Фергусон го донесе Роналдо во Јунајтед како 18-годишен и му помогна да прерасне во еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Особено емотивно беше кога Роналдо зборуваше за моментите кога татко му бил болен, а Фергусон му бил голема поддршка. Таткото на Роналдо почина во 2005 година на 52-годишна возраст поради откажување на црниот дроб.
„Има толку многу прекрасни моменти што ги поминавме заедно. И не мислам на освојување трофеи. Ми останаа најтешките работи во срцето. Тој веројатно не се сеќава на ова и можеби нема да морам да го кажам, но ќе го кажам затоа што тоа е дел од нашата прекрасна историја. Се сеќавам кога татко ми беше во болница, емотивно бев целосно потонат“, започна Роналдо, а потоа продолжи:
„Разговарав со Сер Алекс и тој ми рече: „Кристијано, не е важно, оди таму два или три дена“. Не чекаа тешки натпревари, а јас бев клучен играч, но тој рече: „Ќе ни биде тешко без тебе, но ја разбирам твојата ситуација. Оди кај татко ти“.’ Ова се најважните работи за мене. Тој секогаш беше таков кон мене. Морам да го ценам тоа“.