Роналдо во Сити е договорена работа, клубовите преговараат за детали?

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Кристијано Роналдо во Манчестер Сити е само прашање на часови.

Тоа го тврди шпанскиот „Ас“, додека „Газета дело спорт“ наведува дека не бил постигнат договор на средбата помеѓу Жорже Мендеш и претставникот на Јувентус.

„Ас“, сепак, наведува дека Роналдо договорил се со шампионот на Англија, и дека останува двата клуба да се договорат кој од играчите на Сити ќе дојде во Торино.

Јувентус го бара Габриел Жесус, Сити би го пуштил Рахим Стерлинг …

„Газета“ пишува дека челниците на Јувентус бараат од Роналдо и Мендеш брзо да достават понуда.

Наводно, тие би го ослободиле Португалецот за 25 милиони евра, но доведувањето на еден од напаѓачите на Сити е исто така опција …