Роналдо: За да создадеме подобар свет за нашите деца, се молиме за светски мир

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо проговори за војната во Украина.

Португалецот на својата Инстаграм сметка објави порака со црна позадина.

– Треба да создадеме подобар свет за нашите деца. Се молиме за мир во светот – напиша Роналдо кој неодамна објави дека има над 400 милиони следбеници на оваа социјална мрежа.

Деновиве по руската инвазија на таа земја беснее војна во Украина, а меѓу убиените цивили има и деца.