Роналдо за прв пат се огласи по смртта на неговиот син, испрати силна порака до фановите на Ливерпул (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо за прв пат се огласи на социјалните мрежи по неодамнешната смрт на новородениот син!

Португалецот пред неколку дена требаше да добие близнаци, но неговата девојка Џорџина на крајот, за жал, роди само девојче.

Роналдо, секако, не го одигра дербито против Ливерпул токму поради таа причина, но навивачите на големиот ривал не го заборавија и му оддадоа почит на неговиот покоен син. Нив Роналдо не ги заборави и во четвртокот им испрати силна порака.

– Еден свет, еден спорт, едно глобално семејство. Фала, Енфилд. Јас и моето семејство никогаш нема да го заборавиме овој момент на почит и сочувство – напиша напаѓачот на Јунајтед на Инстаграм.

Роденото девојче е петто дете на Португалецот, а второ со сегашната партнерка, додека Роналдо има и три деца од сурогат мајки. Славниот фудбалер своето прво дете го доби на 17 јуни 2010 година. Кристијано Роналдо Јуниор е роден во Сан Диего, а роден е од сурогат мајка на која Португалецот и платил 12 милиони евра.

Роналдо го добил и своето второ и трето дете од сурогат мајка која го родила неговото прво дете. Овој пат Кристијано доби близнаци – момче и девојче, кои се родени на 8 јуни 2017 година, а за кои Португалецот и плати на мајка си 17 милиони евра.

Првото дете што го доби Роналдо, а чија мајка е позната, е неговата ќерка Алана Мартин. Таа е родена од Џорџина на 12 ноември 2017 година во Мадрид.