Рондо и се заканувал на поранешната сопруга со пиштол

од Vladimir Zorba

Според американските медиуми, кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Ражон Рондо во понеделникот ја нападнал поранешната сопруга заканувајќи и се со пиштол додека биле присутни нивните деца.

Како што пренесуваат американските медиуми, Рондо ја нападнал својата поранешна сопруга Ешели Бечелор, која има привремено старателство над нивните две деца. За време на расправијата кршел работи низ куќата, а извадил и пиштол, викал по неа и децата.

Според ESPN, Бечелор побарала итна заштита, а судијата наредил Рондо да не и се приближува на 150 метри и дека мора да го предаде оружјето на судот во Кентаки.

Бечелор сведочеше дека Рондо почнал да се лути кога го замолила синот да ги среди алиштата, а тие двајца во тоа време играле видео игри. Рондо викал, фрлал работи низ куќата, а кога дошол со пиштол го извлекол синот Пјер од куќата и држејќи пиштол извикал дека не треба да се плаши од него.

Рондо дипломираше на колеџот Кентаки во 2006 година, играше за Бостон, Далас, Сакрамено, Чикаго, Њу Орлеанс, Лејкерс, Атланта, Клиперс, а во јануари 2022 година беше трејдуван од Лејкерс во Кливленд.

Титулата шампион ја освои во 2008 и 2020 година.

Слични содржини