263
Руската Федерална вселенска агенција Роскосмос планира да лансира повеќе од 40 вселенски ракети во 2020 година.
– Во 2020 година Русија планира да изврши повеќе од 40 лансирања на вселенски ракети, се наведува во соопштението.
Како што е наведено од Роскосмос, лансирањата ќе бидат извршени од космодромите Бајконур, Восточниј, Плесецк и вселенскиот центар во Француска Гвајана.
Претходно, генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин на прес-конференција на космодромот Восточниј изјави дека следната година се планирани 20 лансирања на носечки ракети „Сојуз“.
Во 2020 година, исто така, ќе продолжат тестирањата на носечката ракета „Ангара“ и лансирањата на ракети „Протон-М“.