Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу-Халили на Меѓународниот аеродром – Скопје ја пречека шведската делегација предводена од министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал.
Абдиу-Халили ѝ посака добредојде на министерката за ЕУ и Нордиска соработка во Владата на Кралството Шведска и укажа дека официјалната посета на Скопје е уште една потврда на постојаната поддршка што Шведска ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративниот процес, со верување дека истовремено ќе даде дополнителен поттик за соработка помеѓу двете држави.
Денес Росвал ќе оствари тет-а-тет средба со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, а ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Во рамки на официјалната посета на Скопје шведската делегација ќе се сретне и со претставници од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.