Кризата треба да се реши веднаш, нема време за губење, мора да се спроведе договореното во Пржино. Пораките на Михаел Рот повеќе од јасни и насочени кон сите, но посебно кон властап пренесува DW.

„Состојбата во Македонија е многу сериозна но не сум сигурен дека политичките лидери тоа го сфаќаат“!. Германскиот државен министер надлежен за Европа Михаел Рот изрази загриженост од преголемата пасивност во решавањето на политичката криза во Македонија. Клучниот проблем според Рот е бавното спроведување на Договорот од Пржино чие спроведување нема алтернатива. Одговорноста за тоа лежи кај сите, но клучната е кај Владата:
„Владата и опозицијата треба да го решат проблемот, но владата е посебно одговорна за недоволната имплементација на Договорот од Пржино. Премногу одложувања, губење на време со не многу конструктивни, тактички потези кои не се добри. Јас сум загрижен за ситуацијата, а сега времето тече. Има две клучни работи кои владата не ги исполни, првата е избирачкиот список а втората е состојбата во медиумите. Сега е потребно да се сработи домашната задача, на 20-ти февруари очекуваме фер и отворена проценка околу тоа дали изборите може да се одржат во април. Не разговараме само за избори, туку за фер и слободни избори. Затоа е многу важно да се воспостави фер и демократски натпревар што е круцијално за сите демократии. Но повеќе или помалку потребен е политички консензус и затоа сите претставници мора да се вратат на маса и да се исполни договорот од Пржино. Тој останува на маса, тој е донесен за да ја обнови политичката култура во земјата. Ова се однесува на сите, но ова е посебна и екстремно голема обврска за владата“, нагласи Рот.
Германскиот дипломат е загрижен не само што нема напредок, туку и сериозно се попречува реализацијата на обврските од Договорот. Предупреди на сериозност од сите бидејќи роковите се прекратки:
„Работата на Специјалното јавно обвинителство е неколкупати попречувана, реформите во медиумите не ни започнаа, а чистењето на избирачкиот список требаше да започне уште пред неколку месеци. Не функционира како што треба ниту парламентарната анкетна комисија, парламентарните тела кои требаше да работат на контрола на работата на службата за разузнавање и скандалот со прислушувањето. Не започнаа со важната работа која требаше да ја завршат“, предупреди Рот.
Повеќе ТУКА