Рот: Без услови за „европски“ избори, ЕУ сигурно ќе препорача нивно поместување

од desk3
86 прегледи

Нема попуст за македонското раководство поради можната улога во бегалската криза. Спроти посетата на Македонија, Михаел Рот, државен министер во германското МНР, одговори на неколку прашања на Зоран Јордановски од DW..

0,,17637539_303,00

ДВ: Важно е на 24. април да се одржат фер и демократски избори, независно од тоа кој ќе учествува на нив – тоа го рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во едно интервју (за магазинот „Капитал“ од Софија). Владеачките партии ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се безусловно за предвремени избори на 24. април, без оглед на оддолговлекувањето во спроведувањето на речиси сите важни мерки, договоени за совладување на длабоката политичка криза. Опозицијата не сака под такви услови да учествува на изборите. Колку тогаш би биле легитимни изборите – без опозиција, без разјаснување на сомневањата што произлегуваат од објавените снимки на телефонски разговори? А уште притоа и со актери од тие снимки, кои можеби извршиле тешка злоупотреба на власта – меѓу другото и против изборниот процес?

Во вторник ново задолжување на Владата

М. Рот: Ние нагласено ги поддржуваме посредничките напори од европска страна. Со договорот од Пржино политичките сили се спогодија за возен ред за нови избори според европски стандарди. Сега сите одговорни во политиката се и обврзани конечно да дејствуваат и договорот брзо и целосно да го реализираат, така што новите избори би можеле да бидат спроведени соодветно на европските стандарди. Ова барање посебно е насочено кон владата. Таа има посебна одговорност за доброто на земјата и за натамошното приближување кон ЕУ. Не смее да попушти ангажманот за исполнување на обврските. Тоа е нашето јасно очекување. Доколку Комисијата на ЕУ процени дека кон крајот на април се’ уште не се можни фер избори според европски мерила, таа сигурно ќе препорача поместување на изборите.

ДВ: Ескалацијата на бегалската криза можеби уште и ја зајакнува улогата што Македонија ја игра и може да ја игра. Може ли тоа да биде повод за Европа, само поради сопствените моментални интереси и спротивно на своите принципи и барања од земјите-кандидатки за членство, да „замижи на едно око“ во однос на македонското раководство?

М. Рот: Не. Нема политички попуст кај прибилжувањето кон ЕУ. Тоа не значи дека ние не нудиме никаква помош по прашањето за бегалците. Со оглед на драматичната ситуација и во иднина ќе биде решавачко блиско да се соработува со земјите од Западен Балкан. ЕУ, а и Германија сосем конкретно ја поддржуаат пјР Македонија. Така, Германија во меѓувреме им даде на транзитните земји пјР Македонија и Србија 2,1 милиони евра како хуманитарна помош и 1,3 милиони за инфраструктурни мерки. ЕУ за таа намена стави на располагање речиси 22 милиона евра, како и ИПА-средства во износ од 46 милиони. Тоа е израз на нашето признание за укажаната солидарност и истовремено апел до сите да бидат свесни за одговорноста!

 

Повеќе ТУКА