Јасни очекувања за избори „според демократски правила“. Перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ стои, без попуст за условите. Ви пренесуваме дел од интервјуто на Дојче веле со Михаел Рот, втор човек во германското министерство за надворешни работи.

ДВ: Македонија од 2005 година има статус на кандидат и дури шест препораки од Комисијата на ЕУ за почеток на преговори за прием. И покрај тоа Македонија уште нема датум за почеток на преговорите. Што може и мора да биде сторено, за воопшто да дојде до некои придвижување?
Рот: Во преден план сега стои надминувањето на тешката внатрешно-политичка криза, која ја оптоварува земјата од пред неколку месеци. Ме радува дека и во овој случај се успеа со европско посредување да се даде важен импулс. Сега е обврска на сите одговорни во политиката да ја продолжат соработката и целосно да го спроведат договорот за решение на кризата. Имаме јасни очекувања дека претстојните нови избори, но и предизборната кампања пред тоа, да се одвиваат според демократските правила
Целото интервју прочитајте го на Дојче веле на следниот линк.