Германскиот министер за европски прашања, Михаил Рот по завршувањето на министерскиот совет на ЕУ, изјави дека во потрага по разумни решенија и сакајќи да бидеме од помош, сега не е момент за првата меѓувладина конференција.
„Доколку имате билатерални конфликти кои не можат да се разрешат во наредните неколку недели, сега не е време за почеток на првата меѓу владина конференција. Сакаме да испратиме вистински сигнал кон Западниот Балкан, Македонија и Албанија, тие направија многу, постигнаа многу, но тоа е долг пат кој започнува со преговори“, изјавил Рот.
Тој на Албанија и Македонија им порача дека тоа е долг пат со многу преговори и дека треба да се решат билатералните спорови.
Земјите-членки попладнево дебатираат за пристапната на рамка на Северна Македонија и за Албанија.