Рот не побара средба – никаде не пишува дека треба да се сретнам со сите гости, вели Мицкоски

од Nikola Popovski
439 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека престанал да ги слуша пораките од власта. Според него, кохезијата во владеачката СДСМ е поделена на неколку структури и дека партијата наводно е демотивирана.

Мицкоски од општина Ѓорче Петров упати критики дека премиерот Димитар Ковачевски нема кредибилитет во своите изјави.

Лидерот на опозицијата ја коментираше и денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев.

Ги следам изјавите на Радев кои што вели тоа не биле европски, туку бугарски барања. Европски барања е да се почитуваат европските одлуки на Судот за човекови права во Стразбур. Ако се се сведува на Копенхашките критериуми, тогаш господата треба да покажат европски вредности и да го почитуваат македонското малцинство во Бугарија за да покажат дека се добри соседи, па после тоа ќе разговараме, рече Мицкоски.

Тој обелодени и зошто немал средба со претседавачот на Комитетот за надворешна политика на Бундестагот и поранешен државен министер на Германија за Европа, Михаел Рот.

А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Мојата информација е дека Рот беше тука поканет од невладина организација која одржуваше некаква конференција. Секој гостин кој што е добронамерен и кој што побарал средба со мене, ја добил или сме ја презакажале. Овој господин не побарал средба и очигледно не чувствувал потреба да се види. Никаде не пишува дека треба да се гледаме со сите кои доаѓаат во Македонија, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини