Уставните измени се можеби болни за некои колеги, но се неопходни, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг Михаел Рот, пред почетокот на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието.
Тој ги охрабри пратениците и Владата, да го сторат најдоброто за да ја вратат земјата на европскиот пат,
Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за измените на кривичниот законик и нивното брзо носење, Рот вели дека сега не е време да се уценуваме меѓусебе, туку да се фокусираме на уставните измени.
Ова не е време за уцени едни кон други, има јасни очекувања од ЕУ, бидејќи пред се ние сме Унија на заеднички вредности, на заеднички пазар и сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја породолжат борбата против корупцијата, рече Рот.
Додаде дека не сака да оди во детали, но слушнал гласини за аменстија и слично.
Мислам дека политичарите овде треба да размислат за тоа дека сега зборуваме за уставни измени и вклучување на бугарското малцинство и други прашања, кои се резултат на многу долги, интензивни и контроверзни преговори со ЕУ, особено со Бугарија. Мојата главна цел е дека треба да ги забрзаме преговорите меѓу ЕУ и Македонија бидејќи Македонија и Македонците заслужуваат членство во ЕУ што е можно поскоро. Потребна е амбиција и од двете страни, и од ЕУ и од Македонија., изјави Рот.
Рот во текот на денот треба да се сретне со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, претставници на Владата, како и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.