197
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот утре ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.
Како што стои на веб страницата на Собранието, Рот утре ќе има средба со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.