Се надевам дека сега во македонскиот парламент ќе можат да се создадат предусловите за да може да се продолжи ангажирано со пристапните преговори, вели претседателот на Комисијата за надворешна политика во германскиот парламент Михаил Рот, по средбата со претседателот Стево Пендаровски во претседателската вила.
-Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за овие уставни промени, но секој треба да си го постави прашањето, не како може јас да ѝ помогнам на мојата партија, туку како можам јас да ѝ помогнам на мојата земја.
Тој потецираше дека сега е моментот Европската унија да ја врати изгубената доверба.
-Знам дека политичарите во земјата треба да ја засилат демократијата, да продолжат со борбата против корупцијата и непотизмот и да создаваат работни места, но исто така сега и ЕУ треба да ја врати довербата која што е изгубена и да не остане само на разни ветувања, туку да направи нешто конкретно, да продолжи со поддршката на политички и економски план. Сега треба да покажеме солидарност, пред сè со Западен Балкан, особено со луѓето во Северна Македонија, рече Рот.