Рот: Загрижен сум за неостварувањето на пржинскиот договор

од Vladimir Zorba
100 прегледи
Рот: Загрижен сум за неостварувањето на пржинскиот договор, а партиите тактизираат

Македонија го губи меѓународниот кредибилитет. Се сретнав со многу невладини организации и нивната порака беше иста, помогнете ни да ја вратиме Македонија на европската патека, изјави  германскиот министер Михаел Рот пред студентите на Правен факултет во Скопје.rot-1021x580

„Политичките лидери не се свесни во какви проблеми се наоѓа државата . Во моментов ЕУ се соочува со многу кризи и не може да се концентрира на Македонија. Заедничка задача на власта и опозицијата е да ја стабилизираат политичката состојба….Загрижен сум за неостварувањето на Договорот од Пржино  а партиите го губат времето бесмислено , тактизираат , но времето  безмилосно поминува.“, потенцира Рот.

Претходно рот посочи: За излез од политичката криза и за иднината на Македонија се неопходни фер и регуларни избори, за што круцијална улога има исполнувањето на двата услова од пржинскиот Договор, прочистен Изборачки список и регулација на медиумите.  Тоа беше и заедничкиот став по средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со германската делегација предводена од Михаел Рот.