Ротердам: Пожар во најголемата рафинерија во Европа

од desk2
165 прегледи

Во рафинеријата „Шел“ во Ротердам, која е најголема во Европа, ноќеска изби пожар поради што целата постројка не работи.

„Пожарот избувна во електроцентралата со висок напон во рафинеријата Shell Pernis во Ротердам, поради што цел тој дел од рафинеријата е затворен“, изјави за AFP портпаролот на „Шел“, пренесе Figaro.
Според него, огнот е изгасен во 6 часот наутро.

„Некои постројки не работат од безбедносни причини, а гасовите кои останаа внатре ги спалуваме“, додава портпаролот. Сепак, вели, се е под контрока, а компанијата се обидува да го ограничи спалувањето за да не ги вознемири жителите во околината.

„Шел Пернис“ се наоѓа на источната страна на Ротердам и со своите 60 фабрики е најголема рафинерија во Европа.

Локалните медиуми јавија дека можна причина за пожарот е краток спој во електроинсталациите, но од „Шел“ не ја потврдија информацијата.

„Нема ослободени токсини во воздухот, но има чад. Не знаеме кога рафинеријата повторно ќе проработи, Тоа може да трае неколку часа или неколку дена“, додава портпаролот.

https://www.youtube.com/watch?v=pUxhz966jb0