Огромниот дијамант “Розова ѕвезда” стана најскапо продадениот на аукција дијамант откако купувачот даде за него 71,2 милиони долари.
Каменот, кој е со импресивни 59,60 карати, е најголем во својата класа по оценка на Американскиот институт за скапоцени камења и беше продаден на синџир за накит од Хонгконг Chow Tai Fook.
Наддавањето за “Розовата ѕвезда” започна од 56 милиони долари и траеше околу пет минути. Во трката за каменот учествуваа тројца купувачи пред победникот Chow Tai Fook да понуди највисока цена.
Претседател на компанијата е Хенри Чен, чие семејство се рангираше на третото место во листата на најбогати луѓе во Хонг Конг на “Форбс” со богатство од 17,9 милијарди долари. Овалниот дијамант со димензии 2,69 см на 2,06 см тежи 11,92 грама и е откриен во Јужна Африка во 1999 година, објавија од “Сотби”, кои ја организираа аукцијата.
Во текот на две години каменот беше полиран и исечен за да може за првпат да биде претставен на публиката во 2003 година. Тогаш тој беше познат како “Шајнмец Пинк” по името на фирмата која го обработува.
Речиси проѕирниот дијамант го менува своето име по првата продажба четири години подоцна за непозната сума и на неидентификуван купувач. Во 2013 година “Роуз стар” го менува повторно сопственикот, овој пат е продаден за 83 милиони долари.
Од “Сотби” беа принудени да си го вратат накитот, откако купувачот не можеше да го исплати износот за него. Во последните години азиските пазари се едни од најактивните што се однесува до трговија со скапоцени камења. Во 2015 година 12,03-каратниот дијамант “Сината месечина на Жозефина” беше купен за тогаш рекордни 48,4 милиони долари од хонконгскиот магнат Џозеф Лау, кој само еден ден претходно потроши 28,5 милиони долари за 16,08 -каратов розов дијамант.
Претходниот рекорд за најскап дијамант продаден на аукција, е од мај 2016 година и припаѓа на 14,62-каратниот камен “Опенхајмер Блу”.