РС.Македонија има поддршка од сите во ЕУ, освен од Бугарија која има задршки

од Берта Китинска
355 прегледи

Имаме недвојбена поддршка не само од Холандија, туку од сите земји членки на ЕУ. Останува прашањето со Република Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање во однос на информациите во некои медиуми дека и Холандија и Данска се против почнување на преговори на земјава со Унијата.

И од влада потврдија дека Република Северна Македонија има апсолутна подршка од сите во Европската унија, освен од Бугарија која има задршки.

Демант стигна и од министерствата за надворешни работи на Данска и Холандија дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, кое бешенапишано во бугарскиот весник.

Македонските и бугарските историчари

Членовите на Комисијата се судрија околу придавката „македонски“, но и околу цар Самоил, па недоразбирањата ескалираа до тој степен, што и македонските и бугарските историчари одбиваат да ги потпишат записниците за состаноците, во зависност од тоа кој го дава предлогот. По последната средба на комисијата, се чини двете страни се уште подалеку од постигнување на компромисни решенија.

Тие најавија дека во следните денови ќе се состанат повторно, но во помал состав за да се лоцира проблемот и да се најде излез од оваа „непријатна ситуација за двете страни.

Палмер ввели дека спорот со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес

Заменик-помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, за „Гласот на Америка“ порача дека пристапниот процес за во ЕУ треба да се базира на принципи, а Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференција и затоа билатералниот спор со Бугарија треба да се решава надвор од пристапниот процес.

Палмер се надева дека ќе се постигне договор првата Меѓувладина конференција со Македонија да се одржи за време германското претседателство.

Македонија има направено доволно за да се квалификува за Меѓувладината конференција, и мислам дека мнозинството членки на ЕУ се јасни во тоа. Ќе продолжиме да работиме со нашите европски партнери да се исполни тоа. Ќе направиме се`што можеме да го подготвиме теренот, и ќе продолжиме јавно да ја демонстрираме нашата силна поддршка за придвижување на Македонија кон членството во ЕУ – изјави Палмер.