РСЕ: Фирма од “црна листа” ја гасифицира Македонија

од desk3
90 прегледи

Фирмата која што ги поставува гасоводните цевки како дел од проектот за Национален гасоводен систем на трасата од Клечовце до Штип е ставена на црната листа на американското Министерство за финансии поради кризата во Украина-пишува РСЕ.  Станува збор за руската компанија Стројтрансгас која во Македонија како изведувач на работите поставува цевки на 60 километарската траса. Таа на оваа листа за финансиски санкции е ставена во април минатата година.

1D3E21C5-384C-49A5-83A8-B2A023A29870_w640_r1_s_cx3_cy0_cw85

Изборот на оваа фирма е направен без тендер, затоа што станува збор за меѓувладин договор со кој се уредува враќањето на клириншкиот долг од 60 милиони долари кон Македонија, а остатокот од 15 милиони долари за завршување на трасата се обврзала да ги исплати македонската влада, изјавил за информативниот портал „Фактор“ Олег Фомин од „Стројтрансгас“.

Од Министерството за транспорт и врски не ни одговорија на прашањата поврзани со сомнежите кои произлегуваат од истражувањето на порталот НоваТВ, според кое фирми подизведувачи и досега во јавноста биле спомнувани како блиски до власта како и дека на сомнителен начин се наплатуваат дел од фактурите.

 

Повеќе ТУКА