РСЕ: Главните преговарачи на Косово и Србија идната недела на средба во Брисел

од Radmila Tasevska

Главните преговарачи на Косово и Србија, во преговорите кои се водат со посредство на Европската унија ќе се сретнат следната недела во Брисел, во обид за продолжување на дијалогот за изнаоѓање решение за споровите меѓу двете држави, дознава Радио Слободна Европа од неофицијални извори во седиштето на ЕУ.

Како можен датум за средба на главниот преговарач на Косово, вицепремиерот Бесник Бислими и оној на Србија, директорот на Канцеларијата за Косово при српската Влада, Петар Петковиќ, според изворите на РСЕ, се споменува 16 ноември.

Медиумот потсетува дека на 26 октомври, премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, имаа одвоени средби со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, со претседателот на Франција, Емануел Макрон и со премиерката на Италија, Џорџија Мелони.

Посредникот на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак вчера попладне допатува во ненајавена посета на Косово, при што првично, синоќа, се сретна со Бислими, а денеска и со претставниците на главните опозициски партии на косовските Албанци.

Слични содржини