РСЕ: Кој раководи со МВР?

од Vladimir Zorba
76 прегледи

РСЕ контактираше и со министерот Оливер Спасовски и со заменикот Митко Чавков, но и двајцата не дадоа изјава за тоа колку превирањата во МВР ја загрозуваат безбедноста на државата. Превирањата во МВР ја отежнуваат работата на институцијата, а со тоа се доведува во прашање стабилноста на државата, велат експертите, информира РСЕ

polcija

Откажување на послушност, заклучени врати, забранет влез, одземање картички на вработените на кои министерот им издал решение. Во вакви услови на превирања функционира Министерството за внатрешни работи во време кога секојдневно на улиците протестираат илјадници граѓани, а и илјадници мигранти се на јужната граница.

Радио Слободна Европа контактираше и со министерот Оливер Спасовски и со заменикот Митко Чавков, но и двајцата не дадоа изјава за тоа колку тие превирања ја загрозуваат безбедноста на државата.

Но, според Павле Трајанов, кој претходно ја има извршувано функцијата министер, информациите за двојно раководење со министерството се загрижувачки. Тоа покажува дека системот на хиерархија не се почитува, а министерот не може да издава насоки кој што ќе бидат задолжителни за сите вработени, оценува Трајанов.

„Ова двојство сериозно ги нарушува внатрешните состојби во Министерството за внатрешни работи и тоа сигурно дека има негативни рефлексии и врз стабилноста на државата и во извршувањето на сложените безбедносни зафати кој што ги извршува оваа битна државна институција”, вели Трајанов.

Тој прецизира дека министерот треба да ги добива сите сензитивни информации и врз основа на тоа, како што вели, да гради стратегија заедно со неговиот тим за тоа како да се постапува и каде да се насочат активностите на министерството.

„Ако директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање и директорот на Бирото за јавна безбедност не го информираат за состојбите, ако тие директно го информираат заменик министерот Чавков или владата, уште полошо ако тие директно се истурени на позиции на владејачката партија тогаш сосема е извесно дека тој не може да раководи со својата функција и тоа предизвикува сериозни проблеми во извршувањето на овие сложени и тешки безбедносни задачи“, вели Трајанов.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини