РСЕ: Коневски има деловен простор од 312 квадрати, кој ќе биде платен од „Тинекс“

од Nikola Popovski
306 прегледи

За време на владеењето на поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски се смени ДУП-от со кој се дозволи изградба на деветкатница кај Мајчин дом. Коневски сега таму има деловен простор од 312 квадрати, а за него нема да плати ни денар, бидејќи парите на инвеститорот ќе му се исплатат преку закуп договорен со Тинекс, објави РСЕ.

Според објавеното, договорот за купопродажба Коневски со фирмата инвеститор ЗСФ КОМ го потпишал пред некој месец, иако преддоговорот бил запечатен во март 2019 година. Во меѓувреме зградата го доби својот лик, а на 21 декември, минатата година и официјално името на Коневски е запишано на имотниот лист.

Закупот е заведен и во имотниот лист, а тоа го потврдува и самиот Коневски, кој вели дека деловниот простор 12 години нема да може да го користи ниту да располага се додека не се исплатат средствата од закупнина за тој период.

„Вредноста на деловниот простор е иста со вредноста на закупот за 12 години. Тоа е начинот на финансирање на деловниот простор. Тоа значи дека со деловниот простор ќе можам јас да располагам после 12 години или поточно во јануари 2033 година“, вели Коневски за РСЕ.

Слични содржини