РТС: ЕУ дава 650 милиони евра за бегалците, да останат во Македонија и Србија?

од desk4
159 прегледи

begalci-polugoli

Откако фондот на Европската унија обезбеди 650 милиони евра како одговор на сириската криза, дел од тие пари би требало да завршат во Србија, тврди неименуван извор за јавниот сервис РТС. Парите би служеле како поддршка за останатиот дел од бегалците кои би останале подолго време во Србија и Македонија.

Евентуалното затворање на границите за мигрантите на горниот тек од западно-балканската рута би предизвикала опасна ситуација за Србија и целиот регион. Србија не може да дозволи да се претвори во собирен центар ниту може да прими мигранти кои поминале преку нејзината територија, а не добиле азил во ЕУ, вели шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Но, Дачиќ, а ноту Вулин не ги коментираат најавите на неименуваниот човек од Унијата, дека бегалците кои допрва доаѓаат може да бидат сместени кај нас. На пленарна седница на Европскиот Парламент, многумина се сложиле дека Шенгенот е загрозен. Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кендерс предупредува:

– Приливот на мигрантите мора да биде намален. Не смееме да имаме краткорочни визии, туку и долгорочни цели, вели министерот Кендерс.

 

Во Македонија во меѓувреме има бунт на таксистите, но не поради бројот на мигрантите, туку затоа што нив ги транспортираат возови  и автобуси кон Србија. Затоа ја блокираа пругата со Грција. Границата се отвора на секои два до три часа и пропушаат по 150 луѓе. А над 1000 чекаат влез, пишува РТС.

Штрајковите се присутни и во Грција. Јавната администрација овој пат најави 48 часовен штрајк и тоа во период кога траектите почнаа да го намалуваат бројот од 6000 мигранти и бегалци, кои во текот на претходниот штрајк останале на островите.