РТС: Бизнисот со криумчарење на мигранти во Македонија повторно цвета!

од Vladimir Zorba
120 прегледи

„Одев низ Македонија три дена и спиев надвор. Беше ладно. Тогаш дојдовме во некоја куќа на граница меѓу Македонија и Србија и чекавме кола која ќе не одвезе до Белград“, раскажува за РТС Јусеф, мигрант од Мароко.

kriumcarenje-migranti-14.12.2014
Тој открива дека на возачот од Македонија му дал 1000 евра затоа што го довезол од Македонија до Србија, а бидејќи сака да стигне до Виена, вечи дека тоа ќе го чини уште 1200 евра.

На прашањето, каде ги наоѓа возачите, дали ги бара на фејсбук или некој ги повикува, Јусуф одговара дека некој пријател му го препорачал.

Криумчарскиот ланец од Македонија, велат во српскиот центар за помош на азиланти, работи по веќе стандардна шема.

„Луѓето доаѓаат секој ден, и оние кои не се од Ирак, Сирија и Авганистан, ги користат криумчарските ланци кои повторно оживеаја откако се воведени препреки“, им изјавил на новинарите од РТС Радош Ѓуровиќ од Центарот за азиланти во Белград.
Криумчарењето стана вносен бизнис, повеќе дури и од трговијата со дрога, велат податоците на Еуропол. Од почетокот на бегалската криза криумчарите заработиле меѓу 3 и 6 милијарди долари, а парите во 90 проценти ги добивале од економските мигранти.

Целата сторија на РТС видете ја тука