РТС: Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска

од Nikola Popovski
220 прегледи

Српската државна телевизија РТС објави дека „Вселенската патријаршија ја признала северномакедонската црква за канонска“.

РТС објави текст со наслов  „Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска“. Во текстот се пренесува дека медиумите во Скопје пишуваат за оваа одлука на Вселенската патријаршија и цело време се користи терминот „северномакедонска“ црква.

Според соопштението по седницата на Светиот синод на Вселенската патријаршија, Цариград го признава името на црквата како „Охридска“, исклучувајќи го терминот „македонска“, што значи дека областа на нејзината јурисдикција е само во рамките на територијата на Северна Македонија.

Руската православна црква ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук.

-Ставот на РПЦ првенствено ќе го земе предвид пристапот кон проблемот на Српската црква, на која продолжуваме да и признаваме ексклузивни канонски права во Северна Македонија, рече протоереј Игор Јакимчук, секретар на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.

Слични содржини