481
Српскиот национален јавен сервис РТС објави дека за време на викендот, во Врање против коронавирус се вакцинирале 927 македонски граѓани.
Уште претходно беше најавено дека Македонците ќе може да се вакцинираат без закажување, само со пасош или лична карта, информираат српските медиуми. На нашите државјани на располагање им се вакцините на „Фајзер“ и „Синофарм“.
Според најавите на српските медиуми, вакцинирањето трае и денеска.
Од тамошиот здравствен центар во Врање соопштија дека досега во овој град се вакцинирани 1.105 Македонци, а дел од нив примиле и втора доза.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, а на починати е 5.455.