РТЦГ е заробен медиум, тврди Кривокапиќ

од Nikola Popovski
328 прегледи

Радио телевизијата на Црна Гора (РТЦГ) е заробен медиум и итно е потребно Парламентот на Црна Гора да го замени нејзиниот Совет, изјавил премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ.

„Кога станува збор за слободата на медиумите, измените и дополнувањата ќе го променат Законот за медиуми и ќе ја вратат слободата во медиумите. Тоа му го кажав и на Европскиот комесар за проширувањем Оливер Вархеји, истакнал Кривокапиќ на прес-конференцијата, пренесува подгорички „Вијести“.

Тој рече дека разговарал за слободата на медиумите со Вархеји и дека тоа било итно прашање за него.

„Му реков дека веднаш ќе започнеме со измена и дополнување на Законот за медиуми, со што ќе се врати апсолутната слобода. Дури разговаравме и за техничките модалитети“, рекол Кривокапиќ.

Тој оцени дека Радио-телевизијата на Црна Гора е заробена институција, но потенцирал дека тоа не е во надлежност на Владата.

„Мислам дека Собранието треба да ги замени членовите на Советот на РТЦГ што е можно поскоро, кои не треба повторно да бидат изложени на политички план, така што една уредувачка политика ќе замени друга уредувачка политика. Реномирана европска куќа ќе дојде да го регулира РТЦГ, не за Владата, туку за граѓаните, затоа што плаќаат за тоа што го емитува таа куќа“, заклучил Кривокапиќ.

Слични содржини