Манчестер Сити победи во полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид со 4-3, а повеќето играчи на тимот жалеа што не постигнаа повеќе голови во мрежата на Тибо Куртоа. Дефанзивецот Рубен Дијаш беше со поинаков став и ги повика соиграчите на максимална концентрација на реваншот.
„Резултатот можеше да биде подобар, но во секој случај немаше да го реши конечниот победник. Реал е многу силен на својот стадион. Знаеме колку тежок реванш ни претстои. Не е добро што примивме три гола, но со оглед на кадровските проблеми, мислам дека тимот одигра многу добро“, коментира Дијаш.
„Не сме разочарани. Знаеме против кој тим играме, но тоа важи и за противникот. Сè може да се случи во Мадрид. Најважно е да бидеме исклучително фокусирани и да се бориме во секоја секунда“, додаде португалскиот репрезентативец.