На моите состаноци со владини претставници и други, забележав зголемена желба на Кинезите да одиграат улога во медиумските организации. Видов некои случаи каде што кинескиот патен систем не е толку добар, како што се покажа во Северна Македонија, и тие ќе мора да изградат пат со помош од Западот. Но, тоа е главно во градежната област, вели американскиот координатор во Центарот за глобален ангажман на Стејт департментот, Џејмс Рубин за манипулациите во информативниот простор на Западниот Балкан.
Тој во разговор за ВОА посочил дека имало напори да се купат организациите за да се развие доминантна сопственост на медиумски организации, „што се сомневам дека Кина е подготвена на праведно известување и тоа е растечки проблем кој е многу реален“.
-Во Северна Македонија и Бугарија штотуку почнавме да градиме капацитет. Ова не е како развојните програми кои изнесуваат стотици милијарди долари. Ова е прашање за техничка помош. Исто како што им помогнавме на новите демократии во 90-тите, додал Рубин во разговорот.