Рубин: Постои проблем со руските дезинформации во С. Македонија

од Nikola Popovski
186 прегледи

Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при Стејт департментот на САД, Џејмс Рубин, денеска ги започнува посетите на Црна Гора, Северна Македонија и Албанија за да разговара за борбата против руските дезинформации.

Рубин од денеска до 14 април ќе ги посети Подгорица, Скопје и Тирана, соопшти во саботата Стејт департментот.

Тој во интервју за „N1“ пред неговото пристигнување изјавил дека „предметот и темата на посетата се сериозни“, бидејќи „постои проблем со руските дезинформации на Западен Балкан, поточно во Црна Гора, Северна Македонија и во целиот регион“.

-Рубин ќе се сретне со владини претставници во Подгорица и Скопје за да ја зајакне поддршката за иницијативите против дезинформациите. Тие ќе разговараат за напорите на Русија, Кина и другите злонамерни актери кои користат дезинформации за да ја поткопаат демократијата и националната безбедност ширум светот и како нашите земји можат колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор, соопштија во саботата од Стејт департментот.

Рубин беше помошник на американскиот државен секретар Медлин Олбрајт од 1997-2000 година. и доаѓа во регионот за прв пат по 23 години.

Слични содржини