Специјалниот претставник на САД и координатор на Центарот за глобален ангажман, Џејмс Рубин денеска во Подгорица изјави дека сега има изгледи за посветла иднина за регионот, доколку се имплементира договорот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите.
На прес-конференцијата Рубин рече дека САД ги поздравуваат договорите меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, на кои работи ЕУ и кои треба да им овозможат на народите да живеат еден до друг, да ги признаваат правата и слободите на малцинствата и да се движат напред.
„Гледам големи разлики во споредба со времето на војна, мизерија, масовни колежи на невини цивили… Сега можеме да ја видиме перспективата на Косово и Србија да влезат во ЕУ, доколку лидерите ја прифатат шансата што им е дадена… Тие само треба да се донесат тешки одлуки. Ништо добро не се случува во светот ако не се донесат тешки одлуки“, рекол Рубин, пренесе „Вијести“.