Рубио го поддржа Трамп по расправијата со Зеленски, доби остри критики: „Да можеше ќе се „стопеше“ со столот“

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Американскиот државен секретар Марко Рубио се огласи на социјалните мрежи за да го поддржи претседателот Доналд Трамп по неговата жестока расправија со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Поради оваа објава доби критики од бројни политичари во Америка.

На Рубио, судејќи според фотографиите од Белата куќа, му било крајно непријатно за време на оваа дискусија, но неговата објава на Х по средбата не го навестува тоа.

„Благодарам претседателе Трамп што застана во одбрана на американскиот народ на начин ниту еден претседател пред вас немаше храброст да го стори тоа. Ви благодариме што ја ставивте Америка на прво место. Америка е со вас“, напиша Рубио, за што доби бројни критики.

Најгласен беше Ерик Свалвел, член на Претставничкиот дом на САД од Калифорнија, кој имаше остри зборови за државниот секретар.

„Дали воопшто го напиша ова? Сите те видовме. Се обиде да се „стопиш“ во столот. Го гледаше Трамп како луд татко кој те срами на првиот состанок со девојка. Не нè лажете“, сподели Свалвел, коментирајќи дека Рубио треба да ги „најде своите топки“.

Покрај ова, Рубио доби и бројни други критики дека е „кукавица“, додека другите корисници на социјалната мрежа Х масовно одговорија на оваа објава со фотографија од Белата куќа на која јасно се гледа колку на американскиот државен секретар му било непријатно за време на „дебатата“.

Слични содржини