19
Американскиот државен секретар Марк Рубио денеска разговараше со панамскиот претседател Хозе Раул Мулина, кому му го пренесе незадоволството на САД од наводното кинеско влијание врз Панамскиот канал.
Според АП, Рубио рекол дека централноамериканската земја треба да го намали кинеското влијание врз Панамскиот канал или администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе преземе „неопходни мерки“ за заштита на нејзините права, според договорот на САД со Панама.
Од друга страна, Мулина по средбата изјавил дека за суверенитетот над Панамскиот канал не може да се преговара.