Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Русија јасно ставила до знаење дека не сака мир, наведувајќи дека Москва продолжува со своите долгорочни напади врз украинската инфраструктура и дека губи 7.000 војници неделно.
„Тие продолжуваат да ја напаѓаат украинската електроенергетска мрежа и се обидуваат да ја деморализираат земјата, додека губат околу 7.000 војници неделно. Мислам дека јасно ставија до знаење што сакаат, а тоа е дека го сакаат остатокот од Доњецк, а очигледно е дека Украинците нема да се согласат со тоа“, рече Рубио на прес-конференција, според соопштението на Стејт департментот.
Зборувајќи за поддршката на САД за Украина, Рубио потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Русија, „што тие го замолија да го стори“.