Рубио: САД нема да посредуваат во разговорите Русија-Украина доколку наскоро не се постигне договор

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Соединетите Држави ќе престанат да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина во наредните денови доколку не се појават јасни сигнали дека може да се постигне мировен договор, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

„Ова не е наша војна. Ние не го започнавме. САД и помагаат на Украина во последните три години и сакаме тоа да заврши, но тоа не е наша војна“, рече Рубио, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп се уште е заинтересиран за постигнување договор, но дека е подготвен да се справи со „другите светски проблеми“ доколку нема договор меѓу Киев и Москва, пренесува Ројтерс.

„Треба да утврдиме дали е можно да се стави крај на војната во Украина, а ако тоа не е можно, ако сме толку далеку од решение, претседателот веројатно ќе каже дека е готово“, рече Рубио на прес-конференција во Париз.

Слични содржини