Рубио: Смешно е што во Кина го играм моето најсилно првенство во репрезентацијата

од Vladimir Zorba

Рики Рубио се појави на големата сцена на меѓународната кошарка на 17-годишна возраст, откако го направи своето деби за Шпанија на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг. Нешто повеќе од една деценија подоцна, плејмејкерот веќе направи име за себе, а по вчерашната победа на „фуријата“ против Полска во четвртфиналето на СП 2019 година, тој самостојно застана на чело на вечната ранг-листа за најмногу асистенции во историјата на Светското првенство во кошарка, откако сега е пред Пабло Приџони.

„Животот е чудна работа. Првпат играв за репрезентацијата пред 11 години, а сите го знаеја моето име само затоа што имав 17 години и играв во финалето против САД. 11 години подоцна веќе сум маж, а не момче. Среќен сум со достигнувањето. Научив многу по овој пат и минав низ многу тешкотии, но благодарение на нив сум тоа што сум сега. Смешно е што во Кина го играм моето најсилно првенство во репрезентацијата досега. Но, сè уште не постигнавме ништо“, рече Рубио по пласманот на Шпанија за полуфиналето.

„Да се ​​биде асистент број 1 во историјата на Светските првенства, да го надминам Пабло Приџони … Само спомнувањето на моето име во една реченица со неговото е чест. Кога бев мал, ја гледав Аргентина, ги гледав Ману, Скола, Приџони, а сега сум во иста категорија со него. Тоа е огромна чест“, додаде Рубио.

Слични содржини