Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со рускиот лидер Владимир Путин траел подолго од неговиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, бидејќи на Путин му биле потребни преведувачи, додека Зеленски течно зборува англиски.
Рубио рече дека разговорот меѓу Трамп и Зеленски, кој се одржа на 12 февруари, траел 45 минути, соопшти Стејт департментот, а пренесува „Украинска правда“.
Трамп изјави дека неговиот разговор со Путин траел повеќе од еден час, додека Кремљ соопшти дека траел час и половина.