Ручек за денес: Мусака од тиквички

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Потребно:

5 тиквички
400 грама месо
4 јајца
200 мл јогурт
1 кромид
малку брашно
масло, сол и бибер

Подготовка: Излупете ги тиквичките и исечкајте ги. Извалкајте ги во брашно и кратко пропржете. Во тава пропржете го месото и кромидот, а потоа додадете зачини. Наредете ред тиквички, ред месо во тавче и така додека да останете без материјал.

Потоа изматете ги јајцата и јогуртот, па со оваа смеса прелијте ја мусаката. Се пече на 200 степени околу половина час.

Слични содржини