Рударите бараат стечај за рудниците Добрево и Тораница

од desk3
85 прегледи

Сидникатите на рудниците Добрево и Тораница сметаат дека брзото завршување на предстечајната постапка и прогласување стечај е најдоброто решение за нив, по повеќе од два месеци штрајк. Рударите во тој случај ќе добијат шестмесечен надоместок со здравствено осигурување.

rudnik

Вработените, веќе три месеци немаат земено плата, а засега нема никаков одговор од раководството на „Индоминерали и метали“. Рударите велат дека извршителите им тропаат на врата и дека повеќе не можат да ги плаќаат ратите за кредитите. Со прогласувањето на стечај, тие велат дека барем привремено ќе бидат обезбедени.

Во Основниот суд во Штип веќе се води предстечајна постапка за „Индоминерали и метали“. Скопска фирма која ја одржуваше опремата и механизацијата на рудниците минатиот месец побара преку стечај да си ги наплати побарувањата.

Во меѓувреме, дел од рударите заминаа на печалба во рудниците во соседните земји. Некои се во Косово, други во Србија, а неколку помлади рудари, според синдикатот, среќата ја побараа и во Босна и Херцеговина.

 

МЕТА