Руди Џулијани ја освои „Златната малина“ за најлош актер во споредна улога

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Несвесното појавување на поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани во филмот „Борат 2“, односно неговата улога во тој филм, беше прогласено за едно од најлошите во саботата, според луѓето кои ги доделуваат „Златните малини“.

Наградите „Razzies“ или „Златна малина“ се основани во 1980 година и се еден вид противтежа на блескавата церемонија на Оскар во Холивуд.

Џулијани беше прогласен за најлош спореден актер за неговиот несвесен краток настап во продолжението на филмот на Саша Барон Коен, „Борат 2“.

Поранешниот градоначалник беше снимен со скриена камера во не премногу ласкавата „сцена“ во хотелската соба со актерка која глуми новинар.

Но, поранешниот градоначалник на Њујорк верува дека ништо несоодветно не се случило во филмот.

„Absolute Proof“, на Мајк Линдел, беше прогласен за најлош филм на годината. Акцијата се заснова на неосновани обвинувања за измама на претседателските избори во САД во 2020 година.

Линдел, гласен поддржувач на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е прогласен и за најлош актер.

„Music“, филмот на музичарката Сија за една млада аутистична девојка, освои најмногу „Златни малини“ – три, а една и беше доделена на Кејт Хадсон како најлоша актерка.

Добитниците на „Златните малини“ ги избираат 1.097 членови од повеќе од дваесет земји низ целиот свет. Членовите аплицираат преку Интернет и плаќаат членарина од 40 долари.

Слични содржини