Руиз потпиша со ПСЖ

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Шпанскиот интернационалец Фабијан Руиз сега е нов фудбалер на Пари Сен Жермен.

Парижаните на Наполи ќе му платат 23 милиони евра, а договорот на играчот од средниот ред е до 2027 година. Се очекува да добива по 5 милиони евра по сезона на „Паркот на принцовите“.

„Ќе дадам се од себе за тимот. Сакам да освоиме многу титули заедно“, беа првите зборови на Руиз по официјалното објавување на веста.

Поранешниот играч на Бетис за Наполи одигра вкупно 166 натпревари и постигна 22 гола. Тој имаше договор до следното лето, но одби да го продолжи, принудувајќи го клубот да го продаде.

Следното, а можеби и последно, ново засилување на ПСЖ најверојатно ќе биде ѕвездата на Валенсија – Карлос Солер.

Слични содржини